Стар Завет

Нов Завет

1 Јован 5:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.

14. И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.

15. И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.

16. Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.

17. Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.

18. Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.

19. Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.

20. Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.

21. Дечиња, пазете се од идолите. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5