Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 1:17-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Зашто Христос не ме испрати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и не со говорничка мудрост - за да не го изгуби Христовиот крст своето значење.

18. Зашто, словото за крстот е безумство за оние, кои пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, Божја сила,

19. зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на умните.”

20. Каде е мудриот? Каде е книжевникот? Каде е истражувачот на овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на светов во безумие.

21. Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Божјата мудрост, Бог благоволи да ги спаси оние, кои веруваат, преку безумството на проповедувањето.

22. И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост,

23. ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците,

24. а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост,

25. зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето.

26. Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род.

27. Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните;

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 1