Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 10:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Зборувам како на мудри; пресудете сами за она што ви зборувам.

16. Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво на Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво на Христовото тело?

17. Затоа што лебот е еден, и ние кои сме многу, само едно тело сме, зашто сите од еден леб имаме заедница.

18. Набљудувајте го земниот Израел! Оние, кои ги јадат жртвите, не се ли во заедница со жртвеникот?

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 10