поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.

2. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум.

3. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.

4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;

5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;

6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;

7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.

8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.

9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,

10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.

12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.

13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.