Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 14:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Стремете се кон љубовта! Ревнувајте за духовните нешта, а особено да можете да пророкувате!

2. Зашто, кој зборува на јазик, не им зборува на луѓето, туку на Бога; имено, никој не го разбира, но зборува тајни во својот дух.

3. А кој пророкува, им зборува на луѓето: за поука, опомена и утеха.

4. Кој зборува на јазик се изградува себеси, а кој пророкува изградува црквата.

5. Би сакал сите да зборувате јазици, а уште повеќе да пророкувате; зашто, оној, кој пророкува е поголем од оној, кој зборува јазици; освен ако ги толкува, та заедницата да добие надградба.

6. А сега, браќа, ако дојдам при вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштам или по пат на откровение, или знаење, или пророштво, или поука?

7. И бездушните нешта, што даваат глас, како свиролот или харфата, ако не даваат различни звуци, како ќе се познае свирењето на свиролот или харфата?

8. Ако трубата дава неопределен звук, кој ќе се подготвува за бој?

9. Така и вие: ако со јазикот не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере што зборувате? Ќе зборувате во ветер.

10. Во светот има кој знае колку разни гласови, и ниеден не е без значење,

11. или, ако не го познавам значењето на говорот, ќе му бидам странец на оној, кој зборува; а оној кој зборува, ќе ми биде туѓинец мене.

12. Така и вие, бидејќи покажувате ревност за духовните нешта, настојувајте да ги имате во изобилство за надградба на црквата!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 14