Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 14:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Стремете се кон љубовта! Ревнувајте за духовните нешта, а особено да можете да пророкувате!

2. Зашто, кој зборува на јазик, не им зборува на луѓето, туку на Бога; имено, никој не го разбира, но зборува тајни во својот дух.

3. А кој пророкува, им зборува на луѓето: за поука, опомена и утеха.

4. Кој зборува на јазик се изградува себеси, а кој пророкува изградува црквата.

5. Би сакал сите да зборувате јазици, а уште повеќе да пророкувате; зашто, оној, кој пророкува е поголем од оној, кој зборува јазици; освен ако ги толкува, та заедницата да добие надградба.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 14