Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 7:25-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. За девиците немам заповед од Господа, но го кажувам своето мнение како оној, кој, добивајќи ја Господовата благодат, е достоен за доверба.

26. Според тоа, сметам дека ова е добро заради сегашната потреба; дека е добро за човекот да остане таков, како што си е.

27. Сврзан ли си со жена? Не барај развод! Разврзан ли си од жена? Не барај жена!

28. Но, иако се ожениш, не грешиш; а ни девицата не греши ако се омажи. Но, таквите ќе имаат телесни неволји, а јас пак се обидувам да ве поштедам.

29. Браќа, ви го велам ова: времето е кратко. Затоа, и оние кои имаат жени, да бидат како да ги немаат;

30. и кои плачат, како да не плачат; и кои се радуваат, како да не се радуваат; и кои купуваат, како да немаат;

31. и кои го ползуваат овој свет, како да не го ползуваат, зашто поминува обликот на светов.

32. Би сакал да бидете без грижи. Оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа.

33. А женетиот се грижи за земното: како да и угоди на жената,

34. та вниманието му е поделено. И немажената жена, девицата, се грижи за Господовото, за да биде света во телото и во духот; а мажената се грижи за светското: како да му угоди на мажот.

35. Ова го зборувам за ваша сопствена полза. Не за да ви поставам јамка, туку за да бидете чесни и за да Му служите без пречки истрајно на Господа.

36. Мисли ли некој дека постапува неприлично со својата девственост, ако навлегол во години, и дека така треба да биде, нека прави како што сака: не греши, нека се женат!

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 7