Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 9:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ако го правам тоа доброволно, имам награда; но, ако не го правам по своја волја, сè уште мене ми е доверено управувањето.

18. Која е тогаш мојата награда? Проповедајќи, бесплатно да го давам Евангелието; и да не го исползувам наполно своето право во Евангелието.

19. Навистина, иако сум слободен од сите, се претворив во роб на сите, за да ги придобијам што повеќе.

20. На Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; на оние кои се под Законот им бев како и самиот да сум под Законот, иако јас не сум под Законот, за да ги придобијам оние, кои се под Законот.

Прочитајте целосна глава 1 Коринќаните 9