Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 1:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Петар, апостол на Исуса Христа, до избраните придојденици, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,

2. според провидението на Бог Таткото, во осветувањето на Духот, за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: благодатта и мирот да ви се умножи.

3. Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост, преку воскресението на Исуса Христа од мртвите, нè роди одново за жива надеж,

4. за непоминливо наследство, и неизвалкано, и кое не вене, запазено во небесата за вас,

5. кои Божјата сила ве чува, преку верата, за спасение, подготвено да се открие во последното време.

6. Во ова радувајте се, макар да сте сега за малку наскрбени, ако е потребно во разни искушенија,

7. та вредноста на вашата вера, која е поскапоцена од пропадливото злато - кое се испитува во оган - да се покаже, за пофалба, слава и чест, при откровението на Исуса Христа,

8. Кого Го љубите иако не сте Го виделе; во Кого верувате сега, иако не Го гледате; и се радувате со неискажлива и прославена радост,

9. зашто ја постигнувате целта на својата вера: спасението на душите.

10. Ова спасение го бараа и го испитуваа пророците, кои пророкуваа за благодатта што ви е наменета;

11. тие испитуваа на кое и на какво време посочуваше Христовиот Дух, Кој беше во нив, кога однапред навестуваше за Христовите страдања и за славите по нив.

12. Ним им беше откриено дека не служеа за себе, туку за вас, со ова што сега ви го објавија преку оние, кои ви го проповедаа Евангелието преку Светиот Дух, испратен од небото, во што ангелите сакаат да вникнат.

13. Затоа, препашете ги бедрата на вашиот ум, бидете трезвени, имајте полна надеж во благодатта, која ќе ви биде донесена при откровението на Исуса Христа.

14. Како послушни чеда, не управувајте се според некогашните страсти, кои ги имавте во своето незнаење,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1