Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 1:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во првата книга, о Теофиле, го напишав сè она што Исус почна да го врши и учи,

2. до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, кои ги беше избрал,

3. на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство.

4. И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене”:

5. Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!”

6. А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Царство?”

7. А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и настаните, што Таткото ги одреди со Својата власт.

8. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата.”

9. И кога го рече тоа, се вознесе пред нивните очи, и еден облак Го зеде од пред нивните погледи.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 1