Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 1:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;

17. тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.

18. Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.

19. И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.”

20. Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’

21. И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас -

22. почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.”

23. И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 1