7. И кога си отиде ангелот, кој му зборуваше, повика двајца свои слуги и еден побожен војник, од оние, кои беа постојано покрај него,
8. и им кажа сè и ги испрати во Јопија.
9. А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.
10. Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение:
11. и виде отворено небо и некаков сад како големо платно да слегува и се спушта со своите четири краишта на земјата.
12. Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици.
13. И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!”
14. А Петар рече: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!”
15. И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!”
16. И тоа се случи трипати, и садот веднаш беше земен на небо.
17. И додека Петар беше во недоумение во себе, што би можело да значи видението, што го виде; ете, луѓето испратени од Корнелиј, откако се распрашаа за Симоновата куќа, застанаа пред вратата,
18. и прашаа: „Дали е тука на гости Симон, наречен Петар?”
19. И додека Петар уште размислуваше за видението, Духот му рече: „Еве, те бараат тројца мажи;
20. туку стани, слези и оди со нив не размислувајќи, зашто Јас ги пратив!”