Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 11:3-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. велејќи: „Влезе кај необрезани луѓе и јадеше со нив!”

4. Тогаш Петар почна да им зборува и да им излага редум:

5. ”Бев во градот Јопија и се молев; и во занес имав видение, како некаков сад, како големо платно, што на своите четири краишта слегува од небото, и дојде до мене.

6. Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи и небесни птици.

7. И чув глас, кој ми рече: „Стани, Петре! Коли и јади!”

8. А јас реков: „Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста.

9. Тогаш гласот од небото ми рече по вторпат: „Она што Бог го очистил, не наречувај го нечисто!”

10. Тоа се случи трипати и пак сè беше одвлечено горе на небо.

11. И, ете, во тој час три човека, испратени од Ќесарија до мене, застанаа пред куќата во која бевме.

12. Тогаш Духот ми рече да одам со нив, не размислувајќи. И овие шестмина браќа дојдоа со мене и влеговме во куќата на човекот.

13. Тогаш тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: „Прати во Јопија и повикај го Симона, кој се вика Петар!

14. Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.”

15. И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот.

16. Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.

17. И така, ако Бог им даде ист дар, кога поверуваа во Господа Исуса Христа, како и нам, кој сум јас да можам да Му го забранам тоа на Бога?”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 11