Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 13:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во Антиохиската црква имаше пророци и учители: Варнава, и Симеон наречен Нигер, па Луциј Киринеец, Манаин, кој беше воспитан заедно со четворовласникот Ирод, и Савле.

2. И кога Му служеа на Господа и постеа, Светиот Дух рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савла за делото за кое ги повикав!”

3. Тогаш, откако постеа и се помолија, ги положија рацете на нив и ги пуштија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13