Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 13:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш проконзулот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи и се на Господовата наука.

13. А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во Памфилиска Пергија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.

14. А тие заминаа од Пергија и дојдоа во Писидиска Антиохија; и влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа.

15. А по читањето на Законот и Пророците, старешините на синагогата испратија до нив да им кажат: „Браќа, ако имате некакво утешно слово за народот, зборувајте!”

16. Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: „Мажи Израелци и вие други, кои се боите од Бога, чујте!

17. Бог на овој Израелски народ ги избра нашите татковци и го издигна народот во туѓина, во Египетската Земја, и со воздигната рака ги изведе од таа земја,

18. и околу четириесет години ги трпеше во пустината;

19. и уништи седум народи во Хананската Земја, и им ја даде во наследство нивната земја;

20. за околу четири стотини и педесет години. Потоа им ги даде судиите до пророкот Самоил.

21. Оттогаш побараа цар, и Бог им го даде Саула синот Кисов, човек од Венијаминовото племе, за четириесет години.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13