Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 13:43-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Кога собирот се разотиде, многу Јудејци и прозелити, кои Го почитуваа Бога, појдоа по Павла и Варнава. Тие им зборуваа и ги наговоруваа да останат во Божјата благодат.

44. А во идната сабота се собра скоро целиот град да го чуе Божјото слово.

45. А кога Јудејците видоа множество, се исполнија со завист и со хулење говореа против Павловите зборови.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13