Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 15:12-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш замолкна целото множество и ги слушаа Варнава и Павла, кои раскажуваа колку чуда и знаци направи Бог, преку нив, меѓу народите.

13. Кога тие свршија да зборуваат, проговори Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме!

14. Симон ви кажа како Бог, најпрво, се погрижи да си земе луѓе од народите за Своето име.

15. И со тоа се слагаат пророчките зборови, како што е напишано:

16. ’После ова ќе се вратам и пак ќе го изградам Давидовиот дом, кој падна; и пак ќе ги изградам неговите урнатини, и пак ќе го подигнам;

17. за да Го побараат Господа другите луѓе и сите народи, кои се наречуваат со Моето име, говори Господ, Кој ги прави овие работи.

18. Познати Му се на Бога сите Негови дела од вечноста.’

19. Затоа сум на мнение дека не треба да ги вознемируваме оние, кои од многубошците Му се обраќаат на Бога;

20. туку да им се напише да се воздржуваат од она, што е онечистено од идолите, од блудство, од удавено и од крв.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15