Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 16:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така пристигна во Дервија и Листра. И ете, таму беше еден ученик по име Тимотеј, син на Јудејка, која веруваше, и на татко Грк.

2. Браќата во Листра и Иконија сведочеа добро за него.

3. Павле посака да го поведе со себе; го зеде и го обреза заради Јудејците, кои беа по оние места: зашто сите знаеја дека татко му е Грк.

4. И додека одеа по градовите, им ги предаваа одредбите што беа определени од апостолите и старешините во Ерусалим, за да ги пазат.

5. А црквите така се утврдуваа во верата и секој ден нивниот број беше сè поголем.

6. Ги поминаа Фригиската и Галатската Земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.

7. А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Витанија, но Исусовиот Дух не им дозволи.

8. И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троада.

9. И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”

10. И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.

11. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол,

12. а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.

13. А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 16