30. ги изведе и рече: „Господини, што треба да правам за да се спасам?”
31. Тие пак рекоа: „Верувај во Господа Исуса и ќе се спасиш ти и твојот дом.”
32. И им го проповедаа Господовото слово нему и на сите, кои беа во неговиот дом.
33. И тој ги зеде во истиот час на ноќта, им ги изми раните од ударите и веднаш се крсти и тој и сите негови.
34. Тогаш ги одведе горе во куќата, постави трпеза, и се зарадува со целиот дом, зашто поверува во Бога.
35. А кога се раздени, заповедниците испратија судски службеници и рекоа: „Пушти ги оние луѓе!”
36. Темничарот му ги рече тие зборови на Павла, велејќи: „Заповедниците пратија да ве пуштам. Затоа сега излезете и одете си со мир!”
37. Но Павле им рече: „Откако нас, римски граѓани, без претходна истрага, јавно нè биеја и нè фрлија во темница; а сега сакаат да нè пуштат тајно? Никако! Туку самите да дојдат и нека нè изведат!”
38. Судските служители им ги соопштија овие зборови на заповедниците, а тие се исплашија кога чуја дека се римски граѓани
39. и дојдоа, се извинија; ги изведоа и ги замолија да си отидат од градот.
40. И кога излегоа така од темницата, дојдоа при Лидија, ги видоа браќата и ги утешија, и си отидоа.