Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 18:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И откако помина таму некое време, излезе и ги обиколуваше редум Галатската област и Фригија, утврдувајќи ги сите ученици.

24. А некој си Јудеец, по име Аполос, родум Александриец, човек красноречив и мошне упатен во Писмата, дојде во Ефес.

25. Тој беше поучен во Господовиот Пат, и со својот распален дух зборуваше и учеше точно за Исуса, иако го знаеше само Јовановото крштавање.

26. Тој почна да проповеда смело во синагогата; а кога чуја Прискила и Акила го зедоа при себе, и му го изложија поточно Божјиот Пат.

27. Кога сакаше да замине за Ахаја, браќата го охрабрија и им напишаа на учениците да го примат. Кога дојде, многу им помогна на оние, кои беа поверувале преку благодатта;

28. зашто тој силно и јавно ги побиваше Јудејците, докажувајќи од Писмата дека Исус е Христос.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 18