Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 18:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И Крисп, началник на синагогата, со целиот свој дом, поверува во Господа; и многу Коринтјани, кои го слушаа, поверуваа и се крштаваа.

9. А Господ му рече на Павла, ноќе, во видение: „Не бој се! Но зборувај и не замолкнувај,

10. зашто Јас Сум со тебе! И никој нема да те допре, за да ти направи некакво зло, зашто имам многу народ во овој град.”

11. И така преседе година и шест месеци и ги поучуваше во Божјото слово.

12. А кога Галион беше управител на Ахаја, Јудејците се подигнаа еднодушно против Павла и го доведоа пред судската столица,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 18