Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 20:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува; се прости со нив и тргна да отиде во Македонија.

2. Откако ги помина оние краишта и ги ободри со многу зборови, дојде во Грција.

3. Таму остана три месеци. Бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.

4. И го придружуваа до Азија: Сосипатер Пиров од Берија, солунците Аристарх и Секунд, Гај од Дервија и Тимотеј, Тихик и Трофим од Азија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20