Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 20:27-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. зашто не пропуштив да ви ја соопштам целокупната Божја намера.

28. Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв.

29. Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото;

30. а и од вас самите ќе станат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе.

31. Затоа, бдејте и помнете дека три години - ноќе и дење - не прекратив да го советувам со солзи секој еден од вас!

32. И сега ве препорачувам на Бога и на Словото на Неговата благодат, кое е во состојба да изградува и да даде наследство меѓу сите осветени.

33. Сребро или злато или облека не посакав од никого.

34. Самите знаете дека овие раце им послужија на моите потреби и на оние, кои беа со мене.

35. Во сè ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, и да си спомнувате на зборовите на Господа Исуса, како Самиот што рече: ‘Поблажено е да се дава, отколку да се прима.’”

36. Кога го рече тоа, клекна на колена и се помоли со сите нив.

37. Тогаш сите заплакаа гласно, и паднаа во прегратка на Павла и го целиваа;

38. нажалени најмногу од зборот што го рече дека веќе нема да го видат неговото лице. И го испратија до бродот.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20