2. Кога чуја дека им говори на еврејски јазик, се смирија уште повеќе. И рече:
3. ”Јас сум Јудеец, роден во Киликиски Тарс, а воспитан во овој град, при Гамалиловите нозе, научен строго според татковскиот закон, ревнувајќи за Бога, како и вие сите денес.
4. Го гонев овој Пат до смрт; и врзував и предавав во темници мажи и жени,
5. како што може да посведочи за мене првосвештеникот, со сите старешини. Од нив примив и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги дотерам врзани во Ерусалим и оние, кои беа таму, за да бидат казнети.”
6. ”Кога одев и наближив до Дамаск, одеднаш, околу пладне, ме осветли голема светлина од небото.
7. И паднав на земјата и чув глас како ми зборува: ‘Савле, Савле, зошто Ме гониш?’
8. А јас одговорив: ‘Кој си ти, Господине?’ И ми рече: ‘Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.’
9. А оние, кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот, кој ми зборуваше.
10. Тогаш реков: ‘Што да правам, Господи?’ А Господ ми рече: ‘Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!’
11. И бидејќи не можев да гледам од блескотот на светлината, моите другари ме поведоа за рака и така дојдовме во Дамаск.”
12. „А некој Ананиј, благочестив маж според Законот, за кого сведочеа добро сите тамошни Јудејци,
13. дојде при мене, ми се доближи и рече: ‘Брате Савле, прогледај!’ И јас во истиот миг погледав во него.
14. А тој рече: ‘Бог на нашите татковци однапред те определил да ја познаеш Неговата волја и да Го видиш Праведникот и да го чуеш гласот од Неговата уста,