Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 26:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Агрипа му рече на Павла: „Ти се дозволува да зборуваш за себе.” И така Павле ја пружи раката и почна да зборува во своја одбрана:

2. ”Царе Агрипа, се чувствувам среќен, што можам да се бранам денес пред тебе, од сè што ме обвинуваат Јудејците;

3. толку повеќе што ти ги познаваш добро јудејските обичаи и нивните препирки. Затоа те молам да ме ислушаш со трпение.

4. Каков беше мојот живот од младини, што го поминав најпрвин меѓу својот народ во Ерусалим, тоа го знаат сите Јудејци,

5. зашто ме познаваат од почетокот (ако сакаат да посведочат), дека живеев како фарисеј, според најстрогата следба на нашата религија.

6. И сега стојам пред судот заради надежта во ветувањето, што Бог им го даде на нашите татковци,

7. а за кое нашите дванаесет племиња се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи постојано ноќе и дење. Заради таа надеж, царе, Јудејците ме обвинуваат.

8. Зошто при вас се смета за неверојатно, дека Бог воскреснува мртви?

9. И јас мислев дека треба да вршам многу нешта против името на Исуса Назареецот;

10. што и го правев во Ерусалим; откако добив овластување од првосвештениците затворив мнозина од светите во темница, а кога ги убиваа давав глас за тоа.

11. И многупати ги мачев во сите синагоги и ги принудував да хулат; и прекумерно разјарен против нив, ги гонев и по туѓите градови.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26