Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 26:16-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Но стани и застани на своите нозе; зашто затоа ти се јавив, за да те назначам за служител и за сведок како за ова што го виде, така и за она во кое ќе ти се Објавам;

17. избавувајќи те од луѓево и од народите, при кои те праќам сега,

18. за да им ги отвориш очите, и да се обрнат од темнината кон светлината; од сатанската власт кон Бога, и преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.’

19. Затоа, царе Агрипа, не му бев непокорен на небесното видение;

20. туку им објавив прво во Дамаск, потоа во Ерусалим и по целата Јудејска Земја, а и на народите, дека треба се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание.

21. Затоа Јудејците ме фатија во Храмот и се обидоа да ме убијат.

22. Но со помошта што ја добив од Бога стојам до денешниот ден и им сведочам на малото и на големото, не зборувајќи ништо друго освен она што Пророците и Мојсеј рекоа дека ќе се збидне:

23. дека Христос ќе пострада и дека - како прв воскреснат од мртвите - ќе им навести светлина и на народот и на народите.”

24. А кога го изнесе тоа во своја одбрана, Фест му рече со силен глас: „Безумствуваш Павле! Твоите многубројни писма те довеле до лудило!”

25. А Павле рече: „Не сум луд, честит Фесте, туку зборувам вистина и со здрав разум,

26. зашто и царот, кому му зборувам слободно, знае за тоа. Имено, не верувам дека му е непознато нешто од ова, зашто ова не се збидна во некој агол.

27. Им веруваш ли, царе Агрипа, на пророците? Знам дека им веруваш!”

28. А Агрипа му рече на Павла: „Со малку ли, сакаш да ме убедиш да станам христијанин!”

29. А Павле рече: „Би Го молел Бога, со малку или со многу, не само ти, туку и сите, кои ме слушаат денес, да станете такви каков што сум јас, освен овие окови.”

30. Тогаш стана царот и управителот, Верникија и сите, кои седеа со нив,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26