Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 26:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И сега стојам пред судот заради надежта во ветувањето, што Бог им го даде на нашите татковци,

7. а за кое нашите дванаесет племиња се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи постојано ноќе и дење. Заради таа надеж, царе, Јудејците ме обвинуваат.

8. Зошто при вас се смета за неверојатно, дека Бог воскреснува мртви?

9. И јас мислев дека треба да вршам многу нешта против името на Исуса Назареецот;

10. што и го правев во Ерусалим; откако добив овластување од првосвештениците затворив мнозина од светите во темница, а кога ги убиваа давав глас за тоа.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26