Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 27:33-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. А пред разденување, Павле ги молеше сите да јадат и рече: „Денес е четиринаесеттиот ден, како чекате и поминувате без јадење, не вкусувајќи ништо.

34. Затоа ве молам да јадете, зашто тоа е за вашето избавување. На ниеден од вас нема да му пропадне ни влакно од главата.”

35. И кога го рече тоа зеде леб и Му благодари на Бога пред сите, го раскрши и почна да јаде.

36. И сите се ободрија, па и самите јадеа.

37. А во бродот нè имаше вкупно двеста седумдесет и шест души.

38. Кога се наситија, го олеснија бродот, исфрлајќи ја пченицата во морето.

39. А кога се раздени, не ја препознаа земјата, но забележаа еден залив со достапен брег и одлучија таму да го натераат бродот, ако биде возможно.

40. Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето, ги разлабавија и јажињата на кормилата и го кренаа предното едро спроти ветерот, и пловеа кон брегот.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 27