Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 3:19-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување,

20. и да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа,

21. Кого небото треба да Го прими до времето, кога ќе биде воспоставено сè, за кое Бог зборуваше од древноста преку устата на Своите свети пророци.

22. Зашто Мојсеј рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк - како мене, слушајте Го Него во сè што ќе ви рече!

23. А секоја душа, која не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.”

24. А и сите пророци од Самоила и натаму - колку што зборуваа - ги навестуваа овие денови.

25. Вие сте синови на пророците и на Заветот, што Бог го склучи со вашите татковци, кога му рече на Авраама: ‘Во твоето Семе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.’

26. Бог првин вам ви Го воскресна Својот Слуга Исуса и ви Го испрати за да ве благослови, со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите зли дела.”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3