Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 4:27-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Навистина се здружија во овој град Ирод и Понтие Пилат, заедно со народите и со израелските племиња, против Твоето Свето Дете Исус, Кого си Го помазал,

28. за да го направат она што Твојата сила и Твојата волја, однапред, го определила да се збидне.

29. А сега, Господи, погледај на нивните закани, и дај им на Твоите слуги да го проповедаат Твоето Слово сосем смело,

30. протегнувајќи ја при тоа Твојата рака, за да стануваат исцелувања и знаци, и чудеса, преку името на Твоето Свето Дете Исус!”

31. А кога се помолија, се стресе местото каде што беа собрани. И сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа Божјото Слово.

32. А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.

33. Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.

34. И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35. И секому му се даваше колку кому му беше потребно.

36. А Јосиф кого апостолите го нарекоа Варнава - што значи Син на утехата - левит, родум од Кипар

37. имаше нива, што ја продаде, а сребрениците ги донесе и ги положи пред нозете на апостолите.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4