Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 6:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневното делење на помош.

2. Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите.

3. Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 6