Стар Завет

Нов Завет

Јаков 5:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Послушајте сега, вие богати: плачете и ридајте над неволјите, што идат на вас.

2. Вашето богатство изгни, и молците ги изедоа вашите раскошни облеки.

3. Вашето злато и сребро за’рѓа; и нивната ‘рѓа ќе биде сведоштво против вас, и како оган ќе ги проголта вашите тела. Насобравте богатство во последните денови.

4. Еве, платата на работниците, кои ги ожнија вашите ниви, што вие им ја скусивте, вика, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ над Силите.

5. Вие живеевте на земјата раскошно и разуздано; ги потхранивте своите срца, како за денот на клање.

6. Го осудивте, го убивте праведникот; и тој не ви се противи.

7. И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд.

Прочитајте целосна глава Јаков 5