Стар Завет

Нов Завет

Јаков 5:6-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Го осудивте, го убивте праведникот; и тој не ви се противи.

7. И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд.

8. Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто е близу Госповото доаѓање.

9. Не воздивнувајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.

10. За пример на злострадањата и на долготрпението земете ги, браќа, пророците, кои зборуваа во Господово име.

11. Ете, блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов, а видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен.

12. А пред сè, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва! Вашето „да”, да биде „да”, а вашето „не” - „не”, за да не паднете под суд.

13. Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога.

14. Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,

15. и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.

16. И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

17. Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

Прочитајте целосна глава Јаков 5