23. Исус и рече: „Твојот брат ќе воскресне.”
24. Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне, при воскресението, во последниот ден.”
25. Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее.
26. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?”
27. Му рече: „Да, Господи; јас верувам дека Ти си Христос, Божјиот Син, Кој треба да дојде во светов.”
28. Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија и и рече скришно: „Учителот е тука и те вика!”
29. И таа, штом го чу тоа, стана брзо и отиде при Него;
30. имено, Исус уште не беше дошол во селото, туку беше на местото, каде Го сретна Марта.
31. Јудејците пак, кои беа со неа дома и ја утешуваа, штом видоа дека Марија стана бргу и излезе, тргнаа по неа, мислејќи дека оди на гробот, за да плаче таму.
32. А кога Марија дојде таму, каде што беше Исус и кога Го виде падна пред Неговите нозе и Му рече: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми.”