Стар Завет

Нов Завет

Јован 12:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А Исус најде осле, и седна на него, како што е напишано:

15. ”Не бој се, Сионова Ќерко! Еве, твојот Цар иде, седејќи на осле.”

16. Неговите ученици не го разбраа тоа отпрвин, но кога Исус се прослави, тогаш се сетија, дека тоа беше напишано за Него, и дека тоа Му Го сторија.

17. А народот, кој беше со Него, сведочеше дека Тој го повика Лазара од гробот и го воскресна од мртвите.

18. Заради тоа народот и Му излезе во пресрет, зашто чуја дека Тој го направи тоа чудо.

Прочитајте целосна глава Јован 12