Стар Завет

Нов Завет

Јован 14:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!

2. Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.

3. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.

4. А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.”

5. Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?”

6. Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.

7. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!”

8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Таткото, и доста ние.”

9. Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’

10. Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги прави делата.

Прочитајте целосна глава Јован 14