Стар Завет

Нов Завет

Јован 5:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа беше јудејски празник и Исус се искачи во Ерусалим.

2. А во Ерусалим, при Овчата Врата, има бања со пет тремови, на еврејски наречена Витезда.

3. Во нив лежеа мнозина болни; слепи, хроми и суви, (кои чекаа да се раздвижи водата.

4. Зашто, ангел, одвреме на време, слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата, а кој прв ќе влезеше - откако ќе се разбрануваше водата - оздравуваше од каква и да било болест да страдаше.)

5. Таму имаше еден човек, кој лежеше болен триесет и осум години.

6. Кога Исус го виде како лежи и кога узна дека веќе долго боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”

7. Болниот Му одговори: „Господине, немам човек да ме спушти во бањата, кога ќе се разбранува водата; а додека дојдам јас, друг слегува пред мене.”

Прочитајте целосна глава Јован 5