Стар Завет

Нов Завет

Јован 6:57-60 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

57. Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене.

58. Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”

59. Ова го рече кога поучуваше во Капернаум, во синагогата.

60. Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слуша?”

Прочитајте целосна глава Јован 6