Стар Завет

Нов Завет

Јован 9:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А соседите и оние, кои го гледаа порано како просјак, велеа: „Зар не е овој, кој седеше и просеше?”

9. Едни велеа: „Тој е;” други велеа: „Не, а личи на него.” Тој велеше: „Јас сум!”

10. Тогаш му рекоа: „Како ти се отворија очите?”

11. Тој одговори: „Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Оди во Силоамската бања и измиј се; јас отидов, се измив и прогледав.”

12. Му рекоа: „Каде е Тој?” Рече: „Не знам.”

13. Го одведоа некогашниот слепец при фарисеите.

Прочитајте целосна глава Јован 9