Стар Завет

Нов Завет

Лука 1:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Бидејќи мнозина почнаа да ги опишуваат настаните, кои се наполно уверливи меѓу нас,

2. како што ни ги предадоа оние, кои од почеток беа очевидци и служители на Словото,

3. намислив и јас, откако испитав сè подробно од почеток, да ти ги опишам по ред, честити Теофиле,

4. за да ја разбереш вистинитоста на она, во кое што си бил поучуван.

5. Во деновите на јудејскиот цар Ирод, беше еден свештеник, по име Захарија, од Авијановиот род; и неговата жена од Ароновите ќерки, по име Елисавета.

6. Двајцата беа праведни пред Бога, одејќи без недостаток, според сите Господови заповеди и повелби.

7. Немаа дете, зашто Елисавета беше неплодна, а двајцата беа во години.

8. Еднаш кога тој ја вршеше свештената служба пред Бога, по редот на својот чин,

9. според свештеничкиот обичај, му се падна со жрепка да влезе во Господовиот Храм и да покади.

Прочитајте целосна глава Лука 1