Стар Завет

Нов Завет

Марко 11:7-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.

8. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите.

9. А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име!

10. Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!”

11. И влезе во Ерусалим, во Храмот, и штом разгледа сè - бидејќи веќе беше доцна - излезе со Дванаесетмината во Витанија.

12. А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне.

13. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви.

14. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” А Неговите ученици слушаа.

Прочитајте целосна глава Марко 11