Стар Завет

Нов Завет

Откровение 11:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми беше дадена мерачка трска слична на стап, и ми беше речено: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние, кои се поклонуваат во него.

2. А надворешниот двор на храмот остави го и не мери го, зашто им е даден на народите, и тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца.

3. И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови.

4. Тие се две маслинови дрвја и два светилника, кои стојат пред Господарот на земјата.

5. И ако некој сака да им напакости, оган излегува од нивната уста и ги проголтува нивните непријатели. И ако некој сака да им напакости, треба така да биде убиен.

6. Тие имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и имаат власт над водите, да ги претворат во крв и да ја поразат земјата со секаква неволја, колкупати и да посакаат.”

7. ”И кога ќе го завршат своето сведоштво, Ѕверот, кој излегува од Бездната, ќе војува против нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8. И нивните трупови ќе лежат на улицата на големиот град, кој духовно се наречува Содом и Египет, каде и нивниот Господ беше распнат.

9. И луѓето од народите и племињата и јазиците и народностите ќе ги гледаат нивните трупови три ипол дена, и не ќе дозволат нивните трупови да бидат положени во гроб.

10. И жителите на земјата ќе се радуваат и ќе се веселат за нив, и ќе си праќаат дарови еден на друг, зашто тие два пророка ги измачуваа жителите на земјата.

11. И по три ипол дена, влезе во нив животворен дух од Бога, и застанаа на свои нозе, а голем страв ги обзеде оние, кои ги гледаа.

12. И чуја силен глас од небото, кој им велеше: „Дојдете ваму, горе!” И отидоа горе во небо во облакот, и нивните непријатели ги видоа.

13. А во тој час настана голем земјотрес, и падна десеттиот дел на градот, и од земјотресот загинаа седум илјади човечки имиња; а другите се уплашија и Му воздадоа слава на небесниот Бог.

14. Второто зло помина, и ете, третото зло доаѓа брзо.

15. И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.”

16. И дваесет и четирите старешини, кои седат, на своите престоли, пред Бога, паднаа на своите лица и Му се поклонија на Бога,

Прочитајте целосна глава Откровение 11