Стар Завет

Нов Завет

Откровение 18:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа видов друг ангел, како слегува од небото, кој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава.

2. И извика со силен глас, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови, и засолниште на сите нечисти и гадни птици,

3. зашто сите народи пиеја од виното на нејзиното распалено блудство, и земните цареви блудствуваа со неа, и земните трговци се збогатија од нејзината претерана раскош!”

4. И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла;

5. зашто нејзините гревови стигнаа до небото и Бог си спомна за нејзините неправди.

6. Платете и како што и таа ви плаќаше вам; и вратете и двојно, според нејзините дела; во чашата, во која таа налеваше, налејте и двојно!

7. Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто вели во своето срце: „седам како царица и не сум вдовица и нема да видам тага.”

Прочитајте целосна глава Откровение 18