16. Затоа, покај се! Ако пак не, ќе дојдам скоро при тебе и ќе завојувам против нив, со мечот на Мојата уста.”
17. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.”
18. И на ангелот на црквата во Тиатир напиши му: „Ова го зборува Божјиот Син, Кој има очи како огнен пламен, а нозете му се како сјаен бакар.
19. Ги знам твоите дела, и твојата љубов и верата и службата, и твоето трпение, и твоите последни дела, кои се повеќе од првите.
20. Но имам нешто против тебе: што ја трпиш жената Језавела, која се наречува себеси пророчица и која ги учи и ги заблудува Моите слуги, за да блудствуваат и да јадат идоложртвувано.
21. дадов време да се покае, но не сака да се покае за своето блудство.
22. Еве, ќе ја фрлам на постела, и со неа оние, кои прељубодејствуваа со неа, во голема неволја, ако не се покајат за своите дела.
23. И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
24. А вам и на другите во Тиатир, кои не го држат ова учење, кои - како што велат - не ги запознаа сатанските длабочини, ви велам: не ви наложувам друго бреме.
25. Но држете го она, што го имате, додека дојдам.