Стар Завет

Нов Завет

Откровение 6:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.

15. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,

16. велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17. зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”

Прочитајте целосна глава Откровение 6