Стар Завет

Нов Завет

Откровение 7:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А јас му реков : „Господине мој, ти знаеш!” И ми рече: „Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја, кои ги испраа облеките свои и ги избелија во крвта на Јагнето.”

15. Затоа се пред Божјиот престол и Му служат дење и ноќе во Неговиот храм; а Оној, Кој седи на престолот, ќе го оптегне Својот Шатор над нив.

16. Нема веќе да огладнат ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту некаква жега;

17. зашто Јагнето, Кое е среде престолот, ќе ги пасе и ќе ги води на извори жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.

Прочитајте целосна глава Откровение 7