Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 10:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.

18. Но велам: „Зар тие не слушнаа?” Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.”

19. Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.”

20. А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.”

21. А за Израел говори: „Цел ден ги протегав Своите раце кон народ непослушен и противречлив.”

Прочитајте целосна глава Римјаните 10