Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 14:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Примајте го слабиот во верата, не со препирки за мислењата!

2. Еден верува дека смее да јаде сè; а кој е слаб, јаде само зеленчук.

3. Кој јаде, нека не го презира оној, што не јаде; а оној, кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, зашто Бог го примил.

4. Кој си ти, за да му судиш на туѓ слуга? Тој стои или паѓа пред својот господар; а ќе стои, зашто Господ е силен да го постави да стои.

5. Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Само секој да биде наполно уверен во своето мнение!

6. Кој го пази денот, го пази за Господа; кој јаде, јаде за Господа, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господа не јаде, и тој Му благодари на Бога.

7. Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси,

8. зашто ако живееме, живееме за Господа; ако умираме - умираме за Господа. Затоа: живееме ли, умираме ли, Господови сме,

9. зашто Христос затоа умре и оживе, - за да господари и над мртвите и над живите.

Прочитајте целосна глава Римјаните 14