Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 16:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа:

2. да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете и во сè, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот.

3. Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила,

4. кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите,

Прочитајте целосна глава Римјаните 16