Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 10:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога слушнаа сите во Галадскиот Јавис што направија Филистејците со Саула,

12. станаа сите храбри луѓе и ги зедоа Сауловото мртво тело и телата на неговите синови и, откако ги донесоа во Јавис, ги погребаа нивните коски под дабот во Јавис; и постеа седум дена.

13. Така загина Саул за своето беззаконие, кое го направи пред Господа: не ги пазеше Господовите заповеди, и врз тоа ја праша за совет бајачката,

14. а не Го праша Господа; затоа го уби и го пренесе царството на Јесеевиот син Давид.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 10